ОД КОГО СЕ ОЧЕКУВА НАЈМНОГУ ВО РИО

Десетте ѕвезди кои треба навистина да блеснат

Олимписките Игри се совршено место за покажување на спортската супериорност на најдобрите на светот. Место за ѕвездите, место за големи остварувања и големи успеси. Со оставање на простор дека ќе се појават некои нови ѕвезди по кои ќе се памети Рио 2016, ви ги претставуваме 10-те спортисти од кои се очекува многу

ЈУСЕИН БОЛТ (Јамајка, атлетика)



Несомнено најголемата олимписка ѕвезда на минатите две Олимпијади во Пекинг и во Лондон. Незапирливиот Јамајчанец од и на трета тројна титула (100 метри, 200 метри, 4х100 метри), повторно против Американецот Џастин Гетлин. Проблемите со повредите би требало да се минато, и Болт самиот вети дека ќе добие статус на легенда токму во Рио.

ШЕЛИ-ЕН ФРЕЈЗЕР-ПРАЈС (Јамајка, атлетика)



Ѕвезда на нивото на Болт, неговата јамајчанска сонародничка за жал ќе оди само на трета титула на 100 метри, по тие во 2008 и 2012, откако не успеа да се квалификува во трката на 200 метри. Таа е носитека на седум светски титули од 2009 година.

МАЈКЛ ФЕЛПС (САД, пливање)



Човекот со 22 олимписки медали го крена пливањето на највисоко ниво. Со трки на 100 и 200 градно и 200 метри мешано, тој може да стигне и до над 25 медали во кариерата.

КЕЈТИ ЛЕДЕЦКИ (САД, пливање)



Со само 19 години, Ледецки оди на квартет злата во Бразил - 200, 400 и 800 метри слободно и 4х200 метри слободно. Во Лондон на 15 години таа блесна со злато на 800 метри, а на минатогодишното СП во Казан си замина со пет злата.

КЕВИН ДУРАНТ (САД, кошарка)



Американскиот „Дрим-тим“ е без Кари, Харден, Пол, Дејвис, Вестбрук и Леброн Џејмс, така што лидерската улога на новата генерација ќе мора да ја преземе Кевин Дурант, човекот со рекордниот трансфер-договор со Голден Стејт Вориорс.

НОВАК ЃОКОВИЌ (Србија, тенис)



Светскиот рекет број 1 оваа година го освои Ролан Гарос и ја комплетираше гренд-слем колекцијата. Сепак, испаѓањето од Вимблдон го спречи да сонува за златен слем оваа година (четири гренд слема и олимписко злато). Без Федерер, со ослабениот Надал... Ѓоковиќ е фаворит број 1.

СЕРЕНА ВИЛИЈАМС (САД, тенис)

Серена Вилијамс освои злато во сингл во 2012 година во Лондон, а со нејзината сестра Венус има уште три злата во двојки (2000, 2009 и 2012). На 34 години, Рио најверојатно е последната Олимпијада за освојувачката на 22 гренд слем трофеи.

НЕЈМАР (Бразил, фудбал)

Ѕвездата на Барселона, Нејмар го пропушти настапот на Бразил на Копа Америка само да биде подготвен за Олимпијадата. Лошиот старт на турнирот не ги менува амбициите - Бразил го чека првото злато од Олимписките Игри.

КОХЕИ УЧИМУРА (Јапонија, гимнастика)



Непобедливиот Јапонец во изминатите осум години доминира во светот на гимнастиката. Двете олимписки злата во повеќебој, шесте светски титули заборуваат сами за себе. Учимура може да стане најголемата легенда на спортот.

ПЕТЕР САГАН (Словачка, велосипедизам)



Светскиот шампион во велосипедизам, Петер Саган пристигнува во Рио по одличен настап на Тур де Франс. 26-годишниот Словак е во совршена позиција да се запише во историјата на олимпискиот велосипедизам. Копакабана го чека.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...