Во Охрид празничен Меѓународен атлетски маратон

Охрид, 8 септември 2016 (МИА) – Повеќе од 110 маратонци, од кои петнаесетина жени, пријавиле учество на традиционалниот меѓународен Охридски атлетски маратон што традиционално се одржува на 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Стартот на трката долга 30 километри е предвиден во 10 часот од кај караулата во Свети Наум, додека првите маратонци на целта на Кејот на Охридското Езеро во Охрид ќе пристигнат некаде 1:40 часа подоцна.

Од организацискиот одбор најавуваат дека маратонот ќе се трча независно од временските услови, што не се баш поволни за маратонска трка.

Охридскиот атлетски маратон е еден од потешките поради специфичната конфигурација на теренот, но од друга страна тој е исклучително атрактивен токму поради фактот што речиси постојано во текот на трката атлетичарите трчаат долж самиот брег на езерото.

Според организаторите на трката, наградниот фонд за маратонот е мошне скромен, односно изнесува 800 евра за најдобриот, 400 за второпласираниот, како и 200 евра за третопласираниот маратонец. Во женска конкуренција наградите изнесуваат 500, 250 и 100 евра. Предвидени се и награди за најдобрите македонски маратонци, како и награда за евентуално соборен рекорд на патеката.

Маратон се одржува во Охрид од 1976 година, а се до 1993 година на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година наваму маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година по повод Денот на осамостојувањето на РМ.

Рекордот на трката го држи Борислав Девиќ од СР Југославија, постигнат во 1993 година, со време 1:39:13. Кај жените рекордот и припаѓа на Кенијката Ребека Џепширшир Корир (1:48:12) постигнат на ланското маратонски издание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...