Вардар сака реванш со Веспрем, Металург ќе се „челичи“

Најголемите фаворити за освојување на титулата во СЕХА Гаспром Лигата, Вардар и Веспрем вечерва (20:30 ч.) за првпат во новата сезона ќе ги одмерат силите. Иако ова е меч од осмото коло, сепак, поради активностите на двата клуба во Лигата на шампионите, распоредот претрпе промени.

Така и вториот викенд од септември ќе ни донесе регионално дерби со европски шмек. Македонскиот и унгарскиот шампион досега приредувале голем број интересни мечеви, со завршници својствени само за нив.



„Веспрем е моќен тим и според тие ја имаат најдобрата одбрана во свет. Во својот тим имаат крупни и паметни играчи кои прават навистина брзи акции. Имаат ракометни имиња како Палмарсон, Чема, Наѓ, па затоа според мене тие се фаворити. Тоа е силен состав кој ќе биде наш вистински испит. Ова ќе биде многу добар тест за нас, треба да се подготвиме добро ако сакаме повеќе. Јас имам доверба во момците и покрај тоа што не знам со каков состав ќе излезам на теренот. Македа сè уште не е максимално подготвен, а неизвесни се и уште неколку ракометари“, изјави Гонзалез.

Главен проблем за тренерот на Вардар се, секако, повредите. Покрај неизвесниот Македа, голема е веројатноста дека Илија Абутовиќ нема да биде во ростерот на повикани играчи. „Мозокот“ на дефанзивата на „црвено-црните“ има дистирзија на десниот лакот и поради тоа го пропушти дербито со Металург.

СТОИЛОВ ЈА ОДРАБОТЕ СУСПЕНЗИЈАТА

Една од добрите работи за Вардар во пресрет на денешниот меч е враќањето на Стојанче Стоилов. Новиот капитен на првакот, по добиениот црвен картон со Мешков Брест, мораше да паузира еден натпревар.

„Играме со наши стари должници. Веспрем во минатата сезона не победи во финалето од СЕХА лигата. Ние, пак во првите две кола не одигравме на посакуваното ниво, затоа ќе треба да се подобриме во одбрана и во нападот. Против Веспрем не може да биде лесно бидејќи тоа е една од најдобрите екипи во светот. Мораме да го прикажеме тоа што го тренираме на теренот и да го дадеме својот максимум“, истакна Стоилов.



ВАРДАР ИГРА И ПРОТИВ ТРАДИЦИЈАТА

Веспрем е еден од најнезгодните противници кога станува збор за Вардар. Нашиот шампион има непријатни спомени со овој унгарски тим, кој практично ја уништи минатата натпреварувачка година.

Овие две екипи, покрај регуларниот дел се сретнаа во финалето на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата, каде што во еден драматичен финиш Веспрем славеше со 28:26.

20 дена подоцна се сретнаа и во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Патникот беше решен во првиот меч во „Јане Сандански“ бидејќи Веспрем победи 26:29. Вардар во реваншот немаше сили за изненадување иако во неколку наврати ја надополнуваше потребната разлика. На крајот мечот во Унгарија заврши 30:30, по што повеќе причини за радост имаа Унгарците.

Затоа, било каква победа на денешната средба за момците на Раул Гонзалез ќе значи и враќање на потребната самодоверба.

ВЕСПРЕМ ИМА ТРИ ЕКИПИ

Унгарскиот тим годинава беше под голем притисок од домашната федерација да се врати во рамките на натпреварувањето. Долго време „висеше“ неговото учество во СЕХА Гаспром лигата сезонава, поради неможноста да игра на три фронта, но знаеја многу добро како да ги постават приоритетите од клубот и колку е битно натпреварувањето како СЕХА.

Веспрем се врати во националното првенство на Унгарија да игра редовно во сите кола. Ќе игра во СЕХА Гаспром и нормално во Лигата на шампионите.

Рецептот по кој ќе стигне да игра во сите три лиги е едноставен. Купија дури 12 нови играчи. Од екипата заминаа само тројца и сега Веспрем има три екипи на располагање. Со новодојдените играчи од кои најголем дел се Унгарци плус уште некој од ѕвездите, ќе може без проблем да се натпреварува на домашната сцена. Таму е доминантен, но кога ќе дојде денот да игра против Пик Сегед, сигурно ќе игра со најсилниот тим.

Во СЕХА видовме по првото коло ќе игра со комбиниран состав, веројатно, сè до фајнал фор, но со оглед на тоа дека во овој шампионат противниците не се нималку наивни, ќе користи поголем дел од ѕвездите и ќе го подготвува тимот за Лигата на шампионите, каде што лани во финалето прокоцка девет гола разлика и на крајот загуби.

Веспрем во Лигата на шампионите, пријави ростер во кој има 35 играчи. Тоа е рекорд.



КОПЉАР, ГАЈИЌ И АНЧИН СЕ ЏОКЕРИТЕ

Рековме дека Веспрем донесе дури 12 нови играчи во тимот, но вистинската разлика ја прават три трансфери. И од тие кои дојдоа и од тие што заминаа.

Од екипата со отиде Кристијан Цајц, кој не се покажа во Веспрем според реномето што го имаше кога дојде. Замина и Исаја Гвардиола, а третото заминување е на Иман Џамали. Бекот кој остана на позајмица со тоа што лани беше во Кристијанштад, годинава во Мешков Брест.

На местото на Кристијан Цајц, дојдоа дури двајца врвни ракометари. Марко Копљар од Барселона и Габор Анчин од Пик Сегед. Ако се има предвид дека на таа позиција го имаат и Ласло Наѓ, би можеле да прогласиме дека ја имаат најсилната десно-бековска комбинација во Европа.

Ја дополнија и позицијата десно крило. Доаѓа најдобриот стрелец од СП Доха, Словенецот Драган Гајиќ кој заедно со Гашпер Маргуч и уште еден Словенец кој не смееме да го заборавиме ќе направат „локално“ трио. Третиот Словенец е пикерот кој до лани играше во Целје. Блаж Благотиншек (2.02м, 101 кг). Играч кого бројни шпекулации го врзуваа за трансфер во Скопје, но заврши во Веспрем.

ВО НЕДЕЛА СО МЕТАЛУРГ

СЕХА авантурата на Веспрем во Македонија ќе заврши за два дена. Веќе в недела овој тим ќе го одигра и натпреварот со Металург.

Ова навистина не е потег со која СЕХА може да се гордее, но мора да се има разбирање за обврските кои се пред екипите кои имаат амбиции да ја освојат Лигата на шампионите. Посебно ако се земе предвид фактот дека Веспрем ќе биде огромен фаворит на натпреварот со младите сили на Лино Червар.

Согласно обврските кои ги има Металург, одржаа и тие прес-конференција на која ги кажаа очекувањата од претстојниот натпревар. Лино Червар не ја пропушти можноста уште еднаш да потенцира што се работи во „Автокоманда“ и да го спомене дуелот со Вардар.

„Веспрем купи голем број играчи и имаат три постави на располагање. Имаат големи имиња, но тоа нам ни е предизвик. Да се обидеме да им се спротивставиме. Ќе мора да ја засилиме одбраната, а во напад да направиме што помал број технички грешки. Веспрем е апсолутен фаворит, но тоа не значи дека ние нема да дадеме се од себе. Со целото мое срце се обидувам да направам наследници на Мојсовски и на Миркуловски, но ова е мала земја и не е лесно да се создаде таков квалитет. Во таа желба да помогнам да се изградат Кузмановски, Талески, Велковски и други, некој направи тие да не можат да се радуваат. Тоа делува дестимулирачки и на мене и на моите млади ракометари. Мора играта повеќе да не зависи толку од луѓето во црно. Мораат да се случат коренити промени во ракометот, како што тоа е случај со кошарката, ватерполото… За мене не е револуционерна промена да играте без маркер или со седум ракометари во нападот. Тоа е само козметика“, изјави Червар.

Двата натпревара се играат во ист термин. Со почеток од 20:30 часот, а ќе судат најдобрите хрватски судии Губица и Милошевиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...