Денеска поширокиот список на Лино

Македонија на втори ноември ја пречекува Украина, а три дена подоцна гостува во Чешка. Денеска треба биде позната базата од која ќе се бираат играчите за тие два дуела



Деновите до стартот на најновата репрезентативна акција се одбројани. Понеделник е последниот ден до кога во седиштето на ЕХФ во Виена мора да бидат пријавени пошироките списоци на репрезентативци за првите две квалификациски кола за ЕП Хрватска 2018.

Лино Червар со оглед на обврските што ги има во Лигата на шампионите (пат во Франција и дуел со Монпеље во недела), нема да може да чека до последниот момент, па најави дека денеска ќе го објави својот избор на играчи за оваа акција.

На овој список Лино Червар има право да пријави 28 играчи и по тоа од тој список да селектира по 16 ракометари за дуелите со Украина (Скопје, 2 ноември) и со Чешка (Плзен, 5 ноември).

Ова ќе биде прв список на македонска репрезентација по повеќе од 15 години на кој нема да бидат селектирани Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски.

Тие двајца во јуни, на дуелот со Чешка на кој Македонија обезбеди пласман на СП Франција, се збогуваа со репрезентацијата.

Тоа отвора две места на бековската линија и ќе биде интересно да видиме како планира Лино Червар да ги пополни.

На овој список несомнено ќе има десетина ракометари кои ќе бидат во втор план, но останува да видиме дали ќе имаме нови изненадувања на листата.

Веќе подолго време се зборува за подмладување, но тоа е малку повеќе од процес во кој повозрасните си заминуваат, други помлади го заземаат нивното место доаѓаат.

Начинот на кој се извршува е клучниот момент, посебно во нашиот тим каде што добар дел од играчите играат само во еден правец, па мора да се мисли и на тоа да не се наруши балансот на играта. Токму во овој сегмент најмногу ќе недостига Филип Миркуловски кој игра и напад и одбрана и ги врзуваше нападот и одбраната во добар дел од натпреварот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...