Вардар не може без драма во Лигата на шампионите

Со поразот од РНЛ, македонскиот првак се врати чекор назад во трката по првото место во групата Б. Конкуренцијата „му дише во врат“, а сите џокери се веќе искористени



Ако пред десетина дена во Франкфурт Вардар направи голем чекор напред во задржување на првото место во групата Б и кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, во саботата македонскиот првак се врати чекор назад. Поразот од Рајн Некар Левен во Скопје е болен не само поради фактот што Вардарци го загубија епитетот непобедливи пред својата публика туку и поради тоа што сами си го искомплицираа патот кон продолжението во најсилното европско клупско натпреварување.

„Црвено-црните“ останаа на лидерската позиција во групата Б, но сега конкуренцијата „им дише во врат“. Следниот противник Келце има ист број бодови 12, додека РНЛ и Пик Сегед заостануваат само еден бод.

Вардар требаше да биде попаметен и дуелот од СЕХА лигата на Металург и тактиката на Лино Червар да игра „7 на 6“ во нападот, да ја сфати како сериозна подготовка за реваншот со „лавовите“. Од таборот на шампионот по поразот од РНЛ рекоа дека противникот не ги изненадил со тактиката, но, сепак, не се снашле во одбраната на таквата игра во офанзивата на ривалот. Но, токму тоа „неснаоѓање“ може скапо да ги чини Вардарци во групната фаза.

Од оваа перспектива можеби се чини дека премногу рано се влегува во заклучоци и математики, но факт е дека Вардар во продолжението има тежок распоред и првото место во групата треба да го брани на пеколни гостувања, кај двајца директни ривали, Келце – веќе в недела, како и кај Пик Сегед во средината на февруари следната година. Тука е и дуелот во Брест, со БГК Мешков, кој можеби не делува како голем „играч“ на табелата во групата Б, но може да направи проблеми во ситуација кога секој бод ќе биде важен. Без разлика на загубениот меч во Скопје со РНЛ, Вардар е во предност поради подобриот меѓусебен скор, но не смее да игра на таква карта и со следните противници.

„Црвено-црните“ се свесни дека како никогаш досега првото место и директниот пласман во четвртфиналето им се на дофат, а дека сите џокери ги потрошија со киксот во Загреб и болниот пораз од РНЛ дома. Како и претходните сезони, така и оваа, одново одат по потешкиот пат, само што од оваа позиција, влогот е далеку поголем и се вика Ф4.

Пред да мисли на Келн, Вардар мора да се консолидира од „ударот“ кој го доби во саботата, да направи добра анализа и комплетно да се насочи кон Келце, токму како што изјави Раул Гонзалез „Поразот мора да остане зад нас, мора да мислиме на она што нè чека, нималку лесното гостување кај Келце“.



НЕМА ТОП ВАРДАРЦИ

Во изборот на најдобрите според ЕХФ по осмиот викенд од групната фаза во ЛШ, ракометарите на Вардар очекувано изостанаа. Затоа, пак, Микаел Апелгрин го запоседна првото место на листата најдобри одбрани, со двојната интервенција, кога прво го запре ударот од далечина на Борозан, а потоа и зицерот на Шишкарев, кој ја прифати одбиената топка. Тандемот Шмит и Баена, пак, се најдоа на третото место на најдобар погодок викендов.



САМО СО ЦЕЛЈЕ ДОМА

На Вардарци им остануваат уште две активни недели пред паузата во сезоната и Светското првенство во Франција во јануари следната година. Овој период за „црвено-црните“ е исполнет со патувања, со оглед на тоа дека македонскиот првак игра само еден меч дома, со Целје, на 10 декември, во рамките од СЕХА лигата.

Прв дуел на програмата е оној со Келце, в недела, за од Полска екипата да замине за Унгарија, каде игра со Веспрем (6 декември), натпревар во Регионалната лига. По средбата во „Јане Сандански“ со Словенците, следуваат уште две гостувања од СЕХА, во Загреб (13 декември) и кај БГК Мешков на 17 декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...