На Маврово се тренира „без пардон“

Репрезентацијата е на пола пат од првата фаза од подготовките за настап на Мундијалот во Франција. Минативе денови слушнавме многу за напорите кои ги вложуваат играчите во оваа фаза од подготовките, пеколните тренинзи и проблемот со настинки, вчера имавме можност и во живо да видиме како функционираат на дело во спортската сала во Маврово.

Божиќните тренинзи на Лино Червар немаа славенички моменти. Напротив, уште при доѓањето на Маврово можевме да се увериме дека изјавите и ако може така да кажеме „приказните“ се сосема вистинити.

Половина час пред почетокот на тренингот сениорскиот тим веќе излегуваше од хотелот во правец кон салата која е само дваесетина метри од базата. Лино Червар и Илија Темелковски веќе работеа на паркетот. Главниот збор го имаше Темелковски кои со јуниорската репрезентација веќе привршуваше со својот дел од работата.

Гоце Георгиевски го „начекавме“ во холот и решивме да му украдеме десетина минути за од прва рака да нè подготви за тоа што ќе го гледаме.



„Работиме со силен интензитет. Денеска ова ќе ни биде трет тренинг. Наутро главно работиме на физичката подготовка, попладне повеќе тактика. Во меѓувреме, анализираме, разговараме се подготвуваме за тоа што ќе нè чека“, вели Георгиевски е кој е една од последните „жртви“ на вирусот кој за среќа не е толку опасен како што во прв момент се чинеше. Тоа веројатно се должи и на интервенцијата на медицинските тимови кои детално следат што се случува и редовно ги сервисираат со инфузии играчите што ќе се пожалат.

„Па ме закачи и мене“, вели Георгиевски. „но, добро сум . Се бориме сите со вирусот и засега е сѝ под контрола.

Лино Червар најави и се обидува да реализира нова стратегија и нов стил на играње на репрезентацијата. Како се вклопува тимот во неговите планови?

„Работиме и подлабока одбрана и игра седум на шест, но играме и шест на шест. Пробуваме, не е перфектно, но имаме уште време, се трудиме сите да одработиме најдобро што можеме. Останува уште цела недела овде на Маврово, а по тоа ќе видиме како тоа ќе функционира на терен. Ќе бидеме побрзи, тоа е сигурно, но ќе видиме колку ќе грешиме и како тоа да го корегираме пред првенството“, изјави Георгиевски.

По мало загревање, на сцена стапи и Лино Червар, тренинг посветен на одбрана. Цели два часа се менуваа играчите во дефанзивната зона, која лаички кажано остави сосема солиден впечаток и со жестината и со начинот на кој функционираше. Јасно се работи само за тренинг, имаше фалинки, Червар мораше да повишува тон и да објаснува каде се греши.



По два часа активно тренирање повторно назад во базата. Вчера во „визита“ на репрезентациите беа и претседателот на РФМ Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски.

Новитетите во одбраната најмногу ќе ги почувствуваат дефанзивците, посебно специјалистите за одбрана, а таков во нашиот тим е Велко Маркоски.

„Немам проблем со различните зони. Во Македонија главно игравме 6:0, во Загреб често 5:1, па така и промената во 3:2:1 не ми е проблем. Малку е променето со новитетите во играта што се внесуваат, но во основа се е исто така што немаме никакви проблеми“, вели Велко Маркоски.

Неговиот брат Никола Маркоски настапува во унгарскиот тим Орошази, каде вели дека се работи добро.

„Играм 50 минути на натпревар, во два правца, сметам дека сум во добра форма. Овде е поинаку, малку, со промените во стилот на играњето, но ништо што би можело да биде проблем“, вели Никола Маркоски.

Репрезентацијата на Маврово останува до петок. Уште цела седмица ќе се дружи со панцирите, теговите и сите изненадувања што ќе им ги подготви Червар. По тоа се враќа во скопската магла каде што во следните десет дена ќе одигра три контролни натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...