Манасков заминува од РНЛ

Репрезентативното крило потврди дека ќе си оди од Рајн Некар на крајот на сезоната, наскоро ќе се знае и во кој клуб.

Еден од најважните играчи на македонската репрезентација, левото крило Дејан Манасков, на крајот на сезоната ќе замине од екипата на Рајн Некар Левен, а наскоро во текот на месецов ќе објави и во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Оваа информација во вид на шпекулација беше актуелна пред почетокот на Мундијалот, но во тој период како силна опција стоеше и останување во РНЛ, и тоа подолгорочно. Сега доколку нешто не се промени во следниот период, очекуваме информација за трансфер.

„Заминувам, имам неколку опции каде би можел да продолжам, но немам одлучено. Ќе биде за брзо време“, вели Манасков.

Неколку екипи се споменуваат како можна следна дестинација. Флензбург и Келце се само две екипи од европскиот врв кои неофицијално се поврзуваат со македонското крило, но, како што и самиот рече, нема одлучено, па така беспредметно е да нижеме имиња на клубови и да чекаме да видиме дали некоја од варијантите би се реализирала.

Во меѓувреме, Манасков заздравува од повредата заработена на Мундијалот и го чека моментот кога одново ќе се врати на терен.

„За десетина дена би требало да се вратам на терен. Најверојатно ќе го пропуштам првиот натпревар од Лигата на шампионите со Келце“, вели крилото на РНЛ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...