Металург минува низ нова раскрсница

Крајот на тековнава недела беше означен како период во кој Металург треба да мине нова раскрсница. Од моментот на враќањето на екипата од подготовките на чело со Лино Червар се кренаа многу прашања кои чекаат одговор.

Останува ли Лино Червар на клупата на Металург? Сите веќе ја официјализираме информацијата која вели „да“, меѓутоа тој официјално не потврдува дека е така. Вели дека се решаваат некои работи и дека не треба многу да се „чепка“ таа тема. Но, денеска е денот кој беше означен како ден - „д“ кога дел од прашањата ќе добијат и одговор.

Првенствено, дали ќе бидат денеска исплатени играчите.

Ако биде позитивно решено тоа, тогаш Металург, веројатно, ќе го снема од темите означени како провокативни или жешки и мирно ќе продолжи да тера понатаму.

Ако не... тогаш работите можат да отидат во спротивен правец. Можеби тогаш во игра ќе биде и поинаков одговор на прашањето дали Лино Червар останува тренер на Металург од актуелното „да“, да почне да се менува статусот на играчите и слично.

Во меѓувреме ракометарите се посветени на тренинзите и се обидуваат мислите да ги насочат во позитивина насока:

„Сè е в ред на тренинзите. Тренираме напорно и не размислуваме за ништо лошо. Се спремаме за плеј-оф“, изјави Филип Кузмановски.

Металург неколкупати се има најдено во ваква или слична ситуација и досега секогаш успеваше на нозе да го напушти рингот. За доброто на македонскиот ракомет се надеваме дека и овој пат исходот ќе биде позитивен.

Најавите на почетокот на неделата беа оптимистички, нема зошто да не веруваме дека кога конечно ќе биде ставен крај на целата сага која почна од моментот кога Хрватите го пикираа Лино Червар за селектор, Металург ќе продолжи напред.

Доколку Металург остане ваков каков што е, не би требало да има поголеми проблеми за да го одбрани второто место во првенството и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и следната сезона. Можеби ќе бидеме и сведоци на нивни пораз, тоа годинава не е исклучено, посебно некаде по гостувањата во Битола или Охрид, но подвлечено би требало на второто место да го завршат шампионатот.

Лигата на шампионите, пак, овој пат ќе им биде достапна единствено доколку успеат да ја задржат стабилноста на ниво кое ЕХФ ќе го сфати како ниво кое не е закана за непреченото играње на Лигата на шампионите во „Борис Трајковски“. Веројатно истото тоа ќе важи и за СЕХА лигата, која исто како и сите, чека на разврската во „Автокоманда“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...