Канељас: Игравме интелигентно и без грешки

Во избор на најдобрите играчи на Ф4 турнир од ракометната СЕХА лига, четворица играчи на Вардар најдоа место, а меѓу нив Жоан Канељас освои дури две награди. Една како дел од Олстар тимот, и една за МВП играч.

Тој во победата над Веспрем (26:21) синоќа во финалето имаше реализација 5/7, и сигурно беше едно од изненадувањата за противничкиот тим.

- Завршивме многу добра работа. Игравме против еден од најдобрите тимови во Европа. Секогаш бевме еден чекор пред нив. Имавме одлична одбрана и не можеа да ја пробијат, а во напад игравме интелигентно и без многу грешки, а тоа е важно кога се игра со вакви тимови. Малку неочекувано настапивме со одбраната. Тие имаа проблеми со ваква одбрана кога играа во Загреб. Мислам дека завршивме добра работа и трениравме така во текот на минатата недела. И мислам дека беше успешно зашто ги изненадивме, изјави Канељас.

Шпанецот ги искажа и своите очекувања за претстојните предизвици на Вардар.

- Мислам дека треба да сме среќни. Се надевам дека и во следните натпревари ќе го искористиме искуството и ќе играме како денес, зашто во спротивно нема да имаме шанси за победа. Нашата цел е да стигнеме до Ф4 во Лига на шампионите, рече најкорисниот играч на завршниот турнир во СЕХА лигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...