Вардар против ПСЖ во дуел за европскиот ракометен трон

Во својот дебитантски настап на завршниот турнир од Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар попладне ќе имаат шанса на Македонија да и го донесат првиот трофеј европски шампион во машка конкуренција.

Противник на „црвено-црните“ ќе биде екипата на Пари Сен Жермен која исто така ниту еднаш во својата историја не освоила титула континентален шампион.

Вардар во полуфиналето на турнирот во Келн вчеравечер го победи осумкратниот европски првак Барселона со 26:25 во меч со драматична завршница, а слично беше и на првото полуфинале во кое францускиот првак го елиминира унгарскиот шампион Веспрем.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес за денешниот мече рече дека ривалот ќе влезе малку пооодморен, но дека неговите избраници се многу мотивирани.

- Имаме помалку време за одмор. Тие играа во првото полуфинале од 15 часот и ќе одморат повеќе, но ние имаме многу желби. Пласманот во финалето е голем успех за нас, ама ќе се обидеме да направиме уште еден фантастичен резултат. Играчите се многу мотивирани и тоа е нормално кога играш финале на Лига на шампиони, истакна Гонзалес.

Во својата 11. сезона во Лигата на шампионите Вардар на досегашните 17 натпревари оствари 13 победи и само една го дели од големиот трофеј.

Финалето во „Лансекс Арена“ во Келн меѓу Вардар и ПСЖ е закажано за 18 часот, а претходно, од 15 часот и 15 минути во дуелот за третото место се среќаваат Барселона и Веспрем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...