Неколку илјади сограѓани излегоа да го поздрават европскиот ракометен првак со „Лука мајсторе“
Вардаровиот ракометар Лука Циндриќ имаше спектакуларен пречек во својот град Огулин, по враќањето во Хрватска. Циндриќ беше играчот кој на „црвено-црните“ им донесе финале во Лигата на шампионите во Келн, откако во последните секунди од полуфиналето со Барселона постигна погодок за победа.
Неколку илјади сограѓани излегоа да го поздрават европскиот ракометен првак со „Лука мајсторе“, а бекот изненаден од неверојатниот пречек и честа која му ја укажаа прокоментира „Полесно е да се игра ракомет, отколку тука да се зборува пред вас“.