На Јотовски му „лежи“ Грузија

Томислав Јотовски продолжува да реди победи на фјучрс турнирите во градот Телави во Грузија, па откако во неделата дојде до својата прва сингл-титула во кариерата, сега со триумф го отвори настапот и на најновиот турнир. Македонскиот тенисер во првото коло на третиот турнир во Телави, кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари, го совлада Арон Адисон од Австралија со 6:0, 76.

Јотовски, кој е седми носител на турнирот, одигра речиси беспрекорно во првиот сет и ги доби сите гемови, од кои само во два имаше тешкотии и ги доби откако се играше на разлика. По тие 25 минути игра, се чинеше дека лесно ќе го освои и вториот сет, водеше со 5:3, но му се случи технички малер со рекетот, па се мачеше. При 6:5, имаше три меч-топки на сервис на противникот, но не ги искористи, па се играше тај-брејк. Таму македонскиот тенисер го диктираше темпото, водеше со 4:2, а откако противникот израмни на 4:4, Јотовски со три поени едноподруго дојде до победа, која го води во второто коло. Противник во 2. коло ќе му биде Борис Аријас од Боливија.

Првите двајца носители на турнирот, Федерико Себаљос и Милан Дриниќ, испаднаа уште на стартот, па, можеби, тоа е шанса Јотовски повторно да стигне далеку и да собере АТП-поени за искачување на светската ранг-листа.

Откако ќе заврши со играњето во Грузија, Томи доаѓа во Македонија и од понеделник ќе настапува на фјучрсот во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...