Боуви најбрза на светот

Американката Тори Боуви во драматичен финиш ја победи Мари-Жозе Та Лу од Брегот на Слоновата Коска за титула на 100 метри, додека фаворизираната Јамајчанка, Илејн Томпсон беше само петта.

Холанѓанката Дафне Схиперс стигна до бронзениот медал со 10.96 секунди, но најголемото разочарување го имаше олимписката шампионка, Јамајчанката Илејн Томпсон, која на крајот беше само петта по слабиот старт. Поразот за Томпсон доаѓа само еден ден откако Јусеин Болт беше шокиран во машката трка на 100 метри од контроверзниот Американец Џастин Гетлин.

Белгијката Нафисату Тиам ги обедини олимписката и светската титула во седмобојот, откако по два дена натпреварување имаше доволно сила да собере поени во трката на 800 метри за победа пред Германката Каролин Шефер.

Катерина Стефаниди ги обедини олимписките и светските титули во скок со стап, откако постави нов национален рекорд од 4.91 метри на патот до победата. Нејзината титула беше обезбедена откако Американката Сенди Морис, која ја следеше со височините, во последниот обид не успеа да прескокне 4.82 метри. Морис освои сребро со 4.75 метри, додека бронзата ја поделија Венцуелката Робеилис Пеинадо и Кубанката Јарислеј Силва со 4.65 метри и идентични серии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...