Раул: Ќе биде чудно против мојата Шпанија

Шпанскиот тренер Раул Гонзалес кој ја предводи македонската репрезентација на Европското првенство во Хрватска, в недела за прв пат ќе има дуел против неговата земја.

-Ќе ми биде чудно в недела против мојата Шпанија. Од друга страна сум среќен што одиме во втората фаза со три пренесени бода. За нас тоа ќе биде еден вид финале. Сега ќе се одмориме па подготвени да настапиме на тој натпревар. Очекувам интересен меч. И Шпанците се среќни што ќе играат со нас. Ми се јавија многу шпанските новинари кои се интересираат за нашата селекција, истакна Гонзалес.

Раул очекува Македонија на високо ниво да игра и во Вараждин.

- Тешко е да го задржиме ритамот, ама кога имаш мотив испадна подобро отколку што мислевме. Паузата од три-четири дена добро ќе ни дојде. Не очекувам голем психолошки притисок без оглед што сме први во новата група. Ќе треба да си ја играме нашата игра, рече македонскиот селектор.

Шпанскиот стручњак додаде дека Македонија може да стигне до полуфинале, иако, како што рече, ќе биде многу тешко против силните противници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...