Надал повторно прв на АТП листата, Ѓоковиќ испадна од Топ 20

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно се искачи на првото место на АТП листата со 8.770 бода, откако во финалето на Мастерсот во Рим го совлада германскиот тенисер Александар Зверев.

За Надал ова е шести пат да биде светски тенисер број еден, а ќе ја започне 174. седмица како прв на АТП листата.

Швајцарецот, Роже Федерер е втор со 100 бода помалку, а на третото место е победникот во Мадрид и финалистот во Рим, Александар Зверев.

Федерер, кој не ја игра целата сезона на земјена подлога, минатата семица беше прв бидејќи Надал беше елиминиран во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид од Доминик Тим.

На четвртата и петтата позиција местата си ги заменија Марин Чилиќ и Григор Димитров, па хрватскиот тенисер сега е подобро пласиран од бугарскиот.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од Надал во полуфиналето во Рим, поради што загуби бодови и на најновата АТП листа има пад од четири места и се наоѓа на 22-та позиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...