Парондо: Игравме со голем интензитет

Тренерот на Вардар, Гарсија Парондо смета дека неговите избраници против Железничар успеале во намерата да го подигнат интензитетот на играта во споредба со претходните натпревари.



- Игравме подобро во споредба со претходниот дуел. Се обидовме да наметне посилно темпо и мислам дека успеавме во тоа. Против овој тим не лесно да се игра. Можеби тие се млади, но тие се добри играчи. За мене оваа победа значи многу, бидејќи Железничар Ниш е добар тим, рече Парондо на прес-конференцијата по натпреварот.

„Црвено-црните“ синоќа ја запишаа втората победа во СЕХА лигата совладувајќи го српскиот тим со убедливи 35:20.

Гостинскиот тренер и некогашен предводник на вардарци, Веселин Вујовиќ рече дека неговиот тим наишол на силен ривал кој има квалитет за успешни резултати и во Лигата на шампионите.

- Јасно беше кој е фаворит и сакам да му честитам на Вардар за повеќе од заслужена победа. Секој има свои цели, свои грижи, продолжуваме и знам дека Вардар ќе биде успешен и во ЕХФ Лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Не се сомневам дека можат да постигнат многу, потенцира Вујовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...