Осака: Не чувствувам задоволство од играта

Светскиот рекет број 2, Наоми Осака денеска призна дека последните неколку недели биле најлошите во нејзиниот живот и дека не ужива во играта од освојувањето на „Австралија опен“ во јануари.

Титулата на Јапонката во Мелбурн беше втора последователна од Гренд-слем турнирите по нејзиниот успех на „Ју Ес Опен“, кој ја истрела 21-годишната тенисерка на местото број 1 на ВТА листата. Од тогаш, сепак, таа не успеа да го освои турнирот, ја загуби првата позиција во рангот и изгуби сензационално во првото коло на „Вимблдон“ од Jулија Путинцева.

Осака на социјалните мрежи објави порака до своите обожаватели, објаснувајќи го колапсот во нејзината форма.

„Кога работите тргнуваат наопаку, јас обвинувам себеси на 100%. Имам тенденција да се исклучувам, бидејќи не сакам да занимавам никого со своите мисли или проблеми“, пишува Осака.

„Неочекувано, во најлошите месеци од животот, доживеав некои од моите најдобри моменти, затоа што запознав многу нови луѓе. Велејќи го ова, искрено можам да кажам дека не уживам во играта по „Австралија опен“ – нешто за што во моментов сум свесна. Научив многу за себе и мислам дека пораснав толку многу како личност во минатата година, така што навистина сум возбудена за тоа што носи иднината, како на така и надвор од теренот. Ќе се видиме на подготвителните турнири пред „Ју Ес Опен“, додава таа.

Осака ќе се обиде да ја врати својата најдобра форма пред „Флешинг Медоуз“ подоцна овој месец, почнувајќи со турнирот во Торонто следната недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...