Сензацијата Андреску против Серена Вилијамс во финалето на „Ју Ес Опен“

Деветнаесет годишната дебитантка на „Ју Ес Опен“, Бјанка Андреску, создаде нова сензација. Канаѓанката стигна до финалето во Њујорк, совладувајќи ја Белинда Бенчиќ со 7:6 (3), 7:5 за 2 часа и 15 минути игра.



Андреску оствари импресивни 40 винери, иако имаше 38 непредизвикан грешки. Таа запиша 7 аса, но направи 9 двојни грешки. Сепак, Бенчиќ имаше само 16 винери на натпреварот и 32 непредизвикани грешки и само 2 аса на нејзина сметка.

Тинејџерката на тој начин стигна до своето прво Гренд-слем финале во своето деби на терените на „Флешинг медоус“. Таа е прва тенисерка која постигнала такво нешто од Венус Вилијамс во 1997 година.

Во битката за трофејот, Канаѓанката ќе се соочи со Серена Вилијамс во сабота, која претходно ја совлада Елина Свитолина со 6:3, 6:1.

Ова ќе биде повторено финале на од „Роџерс купот“, кое сепак не се одигра до крај, бидејќи Американката се откажа поради повреда по само 4 одиграни гема (3:1 за Андреску).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...