Скопје отворено за велосипеди – Пријави се бесплатно на Скопје на точак!

Илјадници велосипеди биле дел од Скопје во 1960-те години.

Според некои податоци секој втор граѓанин имал точак. Овој факт покажува дека вело културата е значаен дел од нашето општество и затоа под покровителство на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортови на Скопје во недела, 03. ноември 2019 со почеток во 11.00 часот ќе се одржи велосипедскиот караван „Скопје на точак.



Минатата година, на првото издание од овој настан, 1.300 лица се пријавија и излегоа на улиците со порака дека користењето на велосипед е добро за здравјето и за заштитата на околината.

Бесплатната регистрација и дополнителните информации може да се најдат на: www.skopjenatocak.mk. Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20км/ч, предводен од полицијата и организаторот.



Патеката на движење е:

Старт- Булевар Илинден кај фонтаната Лотос, правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози право по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево, по улица М. Т. Гологанов и се вози право до католичка црква, се продолжува по М. Т. Гологанов, право по улица Димитрие Чуповски, право по Бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по Бул. Кочо Рацини се вози право преку мостот по Бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози право по Бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучува на бул. Илинден и се завршува на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.

Програмата е:

11.00-12.00- поделба на стартни броеви- лепенки за велосипед

12.00 - Старт на караванот

12.30 - Крај на караванот

12.35-13.00 - Лотарија

13.00-13.30 - Велосипедски дружења.

На лотаријата ќе се доделат неколку подароци и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови. Настанот на Фејсбук може да се најде на следниот линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...