Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена позитивни на коронавирусот

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се позитивни на коронавирусот. Тенисерот веднаш по враќањето од „Адриа тур“ во Задар, го посетил својот доктор и побарал заедно со своето семејство и членовите на тимот, да биде тестиран на вирусот.



-Веднаш штом се вративме во Белград отидовме да се тестираме. Мојот резултат е позитивен, исто и оној на Јелена, додека резултатите на нашите деца се негативни, стои во соопштението на тенисерот.

Тој вели дека го организирале турнирот со чисто срце и со добра намера, надевајќи се дека вирусот е ослабнат, но за жал короната е се уште присутна.

-Навистина жалам за секој одделен случај на инфекција. Се надевам дека ничија здравствена ситуација нема да се комплицира и дека сите ќе бидат добро. Ќе останам во самоизолација во следните 14 дена и ќе го повторам тестот за 5 дена, вели Ѓоковиќ.

Тој и неговата сопруга немаат симптоми и се наоѓаат во добра здравствена состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...