УС Опен ќе се одржи и покрај мерките во Њујорк

Њујорк, 10 јули 2020 (МИА) – УС Опен нормално ќе се одржи од 29 август до 13 септември, и покрај новите мерки во Њујорк, според кои сите големи настани во овој град ќе бидат забранети до септември. За да се спречи епидемијата на коронавирус, надлежните во „големото јаболко“ забранија одржување на големи собири, но тоа не важи за УС Опен, кој ќе се игра зад затворени врати.

Градоначалникот Бил де Бласио потврди како гостин на Си-Ен-Ен дека се донесени нови мерки, во обид да се спречи ширењето на инфекцијата.

– Сите големи настани се откажани до септември“, потврди Де Бласио и потоа објасни за што станува збор: „Тоа значи дека сите улични саеми, големите концерти на отворено, паради се откажани … Во овој град нема илјадници луѓе, туку стотици илјади. Едноставно не е време за тоа сега“.

Тој тогаш истакна дека тенискиот Гренд-слем ќе се одржи според редовната програма, исто како и дуелот на познатите њујоршки бејзбол тимови – Јенкис и Метс.

– Тоа ќе биде еден од настаните каде ќе има спортски активности што сите ги сакаме, но без публика. Луѓето ќе гледаат на ТВ, ќе ја одржиме традицијата, но исто како и со Јенките и Метс – бејзболот ќе се врати, тенисот ќе се врати, но нема да има публика, заклучи Де Бласио.

За прв пат во историјата, турнирот на терените на „Флешинг Медоус“ нема да биде последен Гренд слем во сезоната, а како што стојат работите сега, ниту еден член на „големата тројка“ нема да учествува во него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...