Ѓоковиќ ослободен од имиграцискиот притвор во Австралија

Новак Ѓоковиќ е ослободен од имиграцискиот притвор во Австралија неколку часа откако судот пресуди дека граничните служби згрешиле што му ја укинале визата и се обиделе да го депортираат бидејќи не е вакциниран против Ковид.

Црниот автомобил во кој се наоѓаше 34-годишниот тениски ас излезе од адвокатската канцеларија каде што се одржа виртуелно судско рочиште и веднаш беше нападнат од навивачи кои потоа се пресметаа со полицијата.

Тоа се случи неколку моменти откако министерот за имиграција Алекс Хок ја одложи одлуката дали да ги искористи или не неговите лични овластувања за да му ја укине визата на Ѓоковиќ по втор пат и да го депортира и покрај судската одлука.

На г-дин Хок му беше даден рок од четири часа да одлучи дали овластувањата треба да се користат, но времето помина. Тоа значи дека Ѓоковиќ повеќе не може да биде приведен, иако г-дин Хок сепак може да ја откаже визата во секое време - потег кој Владата инсистира дека сè уште се разгледува.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ е слободен да се натпреварува на Австралија Опен, кој треба да започне на 17 јануари.

Излегувањето на Ѓоковиќ од канцеларијата на неговиот адвокатски тим е само најновиот драматичен пресврт во приказната што започна во средата кога тој пристигна во Австралија за да се натпреварува на „Australia Open”. Граничарите ги отфрлија документите и ја укинаа визата, при што Ѓоковиќ беше фрлен во притвор додека чекаше неговата жалба да биде разгледана пред судот.

На денешеното рочиште судијата Ентони Кели драматично ја укина одлуката за одземање на визата откако пресуди дека граничарите биле „неразумни“ и не му дале доволно време на Ѓоковиќ да поднесе жалба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...