Ѓоковиќ: Огромно благодарам до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево даде изјава по одлуката на австралискиот суд со која беше поништена неговата депортација.



-Задоволен сум и благодарен што судијата ја спречи депортацијата. И покрај сè што се случи изминатава недела, сакам да останам и да учествувам на Австралија опен, изјави Ѓоковиќ.

-Во моментов можам само толку да напишам и секако огромно БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила и ме охрабрија да останам присебен и силен.

Денес, судијата на Федералниот суд во Мелбурн, Ентони Кели, ја усвои жалбата на Ѓоковиќ поради укинувањето на визата од страна на австралиската гранична служба и нареди негово ослободување од имиграцискиот притвор во рок од 30 минути по завршувањето на сослушувањето.

Претходно, ноќта на 6 јануари, на Србинот не му беше дозволен влез во Австралија поради недоволни податоци за медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус, но спортистот ја оспори оваа одлука на суд.

Ѓоковиќ е деветкратен и актуелен шампион на Австралија опен. Вкупно, 34-годишниот Србин има освоено 20 титули на Грен слем турнирите, исто толку имаат и Роџер Федерер и Рафаел Надал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...