Недановски: Треба време за да го видиме вистинскиот Вардар

Тренерот на Вардар, Владо Недановски очекува неговиот тим постепено да ја подига формата, откако тимот се комплетира по завршувањето на Светското првенство.



– Немавме многу време за подготовки. Имаме нови играчи и ни треба одреден период да се вклопиме. Конечно се комплетиравме и ќе почнеме да работиме и на одбрана и на напад. Очекувам до реваншот со Татран да ја подигнеме формата, да ја видиме вистинската слика на Вардар. Што се однесува до претстојната средба со Партизан, ќе кажам дека не очекува перспективна, млада екипа која игра брз ракомет. Имавме малку време да ги анализираме за да излеземе на мечот што поподготвени, рече Недановски.

Капитенот Стојанче Стоилов се надева дека со поддршка на навивачите може да се дојде до позитивен резултат против „црно-белите“.

– Се надевам дека нашите навивачи ќе доаѓаат во голем број и ќе ни помогнат. Против Партизан сме фаворити, играме на домашен терен. Против Татран одигравме малку конфузно. Сепак, овој период е тежок поради згуснатиот распоред. Треба да покажеме карактер и да го завршиме натпреварот во наша полза.

Натпреварот Вардар – Партизан од 2. коло на регионалната СЕХА-лига ќе се игра в среда (1 февруари) со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...