МОК: Олимписките игри не смеат да предизвикуваат поделби

Меѓународниот олимписки комитет (МОК), во одбрана на својот план со кој се обидува да најде начин за учество на руски и белоруски спортисти на Олимписките игри 2024 во Париз, порача денеска дека најголемата светска спортска манифестација не би смеела да предизвикува поделби и да исклучува спортисти.

-Олимписките игри не можат да спречуваат војни и судири, ниту можат да влијаат на сите политички и општествени предизвици на нашиот свет. Војната во Украина е во доменот на политиката, а Олимписките игри можат да бидат светски пример каде сите би ги почитувале истите правила и би се почитувале меѓу себе, соопшти МОК.

Во соопштението се нагласува дека меѓународното олимписко движење како своја мисија отсекогаш го имало промовирањето на мирот преку спортот.

-МОК останува посветен на таа мисија и обединување на целиот свет во мирно натпреварување. За градење мир е потребен дијалог, натпреварување во кое спортистите, почитувајќи ја Олимписката повелба, можат да послужат како катализатор за разговор, што секогаш е првиот чекор кон реализација, порача МОК.

Повеќе од 30 држави, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Франција, се заложија неодамна на руските и белоруските спортисти да им биде забранет настап на меѓународните натпреварувања, а Украина се закани со бојкот на Игрите во Париз доколку на нив им биде овозможен настап на Русите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Некој крупен маж земал ситна жена, па другарите го прашуваат:
- Добро бе, каков ви е сексот, кога сте толку различни?
- Абе, јас си лежам, она е одозгоре, па јас ја држам и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој...

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар...

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер,...