Станојковски и Николов државни прваци во пинг-понг

Најпрестижниот турнир во пинг-понг во Македонија, Државното првенство за сениори и сениорки во категорија поединечно, двојки и мешани двојки се одржа викендот во СЦ Борис Трајковски со учество на околу 80 натпреварувачи од клубови од целата држава.

Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка по 12. пат стана Државен првак на Македонија и со тоа се врати на првото место на ранг листата. Во поединечна конкуренција се постигнаа следните резултати:

Резултат од машки поединечно на Државното првенство во пинг понг 2023.

1. Кристијан Станојковски - ППК Крива Паланка - Крива Паланка

2. Ѓоко Јочкоски - ППК Младост - Прилеп

3. Петар Костовски - ППК Младост 96 - Прилеп

3. Васко Манасијески - ППК Работнички - Скопје

Резултат од женски поединечно на Државното првенство во пинг понг 2023.

1. Амелија Николов - ППК Шампион Фа - Штип

2. Софија Хасану - ППК Младост 96 - Прилеп

3. Катарина Лаура Михајлов -ППК Телеком Нец 2 - Скопје

3. Ива Димитриевска - ППК Рисови - Скопје

Најмладата која што стигна до медал е Сара Ризовска (13 години) од ППК Берово која во двојки со Васе Богоеска се закитија со бронзен медал. Во конкуренција на двојки се постигнаа следните резултати:

Резултат од женски двојки на Државното првенство во пинг понг 2023.

1. А. Стојановска - К.Л. Михајлов - ППК Крива Паланка - Крива Паланка и ППК Телеком Нец 2 - Скопје

2. С. Хасану - Е. Марковска - ППК Младост 96 - Прилеп

3. И. Димитриевска - А. Николов - ППК Рисови - Скопје и ППК Шампион Фа - Штип

3. В. Богоеска - С. Ризовска - ППК Младост 96 - Прилеп и ППК Зегин Берово - Берово

Резултат од машки двојки на Државното првенство во пинг понг 2023.

1. С. Богатинов - Л. Стојчев - ППК Шампион Фа - Штип

2. А. Стомнароски - М. Калески - ППК Младост 96 - Прилеп

3. Т. Кировски - Х. Јованов - ППК 10 60 Ѓорче Петров и ППК Рисови - Скопје

3. Д. Жоговски - Р. Михајловски - ППК Телеком Нец 2 - Скопје

Резултат од мешани двојки на Државното првенство по пинг понг 2023.

1. К. Станојковски - А. Стојановска - ППК Крива Паланка - Крива Паланка

2. Ф. Младеновски - А. Николов - ППК Шампион Фа - Штип

3. А. Стојановски - С. Стојановска - ППК Крива Паланка - Крива Паланка

3. Ѓ. Јочкоски - С. Хасану - ППК Младост 96 – Прилеп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...