Нема терористички закани насочени кон ОИ2024

Француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера денеска изјави дека нема „терористичка закана“ насочена кон летната Олимпијада во Париз, додавајќи оти церемонијата на отворањето на Игрите останува „централен план“.



„Ги следиме терористичките закани со сета потребна внимателност. Немаше никаква закана насочена кон Олимписките игри“, рече Удеа-Кастера во интервју за Франс 2.

Француската влада веднаш по нападот во концертната сала во Москва на 22 март, во кој загинаа 144 лица, одлучи да го подигне нивото на безбедност во земјата на највисоко ниво.

На прашањето дали има план Б за церемонијата на отворање на Игрите на 26 јули, Удеа-Кастера одговори дека церемонијата планирана на Сена сè уште е централниот план и дека „постои дискреција што мора да се почитува“.

Генералната проба на цереминијата на свеченото отворање на Игрите во Париз е најавена за 17 јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Тато, тато, зошто мама трча цик-цак?
- Ќути сине и пукај!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
На 28.03.2025 година во 05:00 часот до 07:00 часот на патот кон Р.Косово на околу 4км пред вториот кружен тек ќе се изврши подигнување на превртен камион со полуприколка, по што...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...