Рекорд на Вимблдон - по 3,2 милиони евра за шампионите

Како и речиси секоја година, така и оваа година Вимблдон ќе подели рекорден награден фонд.

За прв пат во историјата на ова натпреварување, износот на вкупните премии ќе надмине 50 милиони фунти (речиси 60 милиони евра).

Шампионите во сингл во двете конкуренции ќе бидат наградени со 2,7 милиони фунти (речиси 3,2 милиони евра), финалистите ќе добијат 1,4 милиони фунти итн.

Зголемувањето на вкупниот награден фонд изнесува 11,9 отсто, додека премиите наменети за квалификации ќе бидат повисоки за 14,9 отсто, со што ќе се продолжи политиката на зголемување на процентот на награди за помалку успешните натпреварувачи.

Поразените во првото коло од главниот турнир ќе добијат 60.000 фунти (околу 71 илјада евра).

Рекордот ќе биде забележан и во категоријата тенисери со посебни потреби, откако вкупните премии за прв пат ќе надминат еден милион фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Професорката на факултет им рекла на студентите да напишат есеј.
- Во есејот треба да има мистерија, секс, религија и богатство.
Ете го Трпе по три минути.
- Готово,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на метеорологијата
1309.- Папата Клемент Петти ја премести папската...
1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам...
1801.- Незадоволните дворски офицери го убија...