Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро рано утрово триумфираше на Отвореното првенство на САД во Флешинг Медоу откако во финалето го совлада петкратниот шампион Рожер Федерер од Швајцарија со 3:6, 7:6(5), 4:6, 7:6(4), 6:2.
Финалето траеше нешто повеќе од 4 часа, а Дел Потро ја прекина серијата на Федерер од 41 меч без пораз на УС Опен. Ова за него е прва Грен слем титула. Дел Потро за првпат го победи Федерер во шестиот дуел и тој е вториот од својата земја што успеал да го освои овој Грен слем турнир.Федерер последен пат загуби во Њујорк 2003 година и тоа повторно од Аргентинец Давид Налбандиан.
Финалето одиграно во пет сета е прво по десет години кога 1999 година Андре Агаси го победи Тод Мартин.