Ангеловски не патува во Турција?

Селекторот на машкиот сениорски тим, Љубомир Савевски, се чини ќе мора да почека за да го види тимот да игра според неговата визија. Квалификациите во Турција, секако, нема да бидат тоа што го планираше во подготвителниот период.

Освен играчите за кои од претходно се знаеше дека нема да патуваат, списокот е збогатен за уште едно име - Бранко Ангеловски. Бекот на Вардар Про, на списокот на селекторот беше внесен како лево крило. Савески инсистира во тимот да има високо крило, играч кој може да игра на бековска позиција, а воедно игра и одбрана, па без да прави измени да ја ги менува офанзивната и дефанзивната формација.

Ангеловски, своевремено, практично на почетокот на професионалната кариера играше крило и не му е непознато што треба да прави, а воедно Савевски го третираше како универзален играч.

Но, на тренинг пред два дена Ангеловски се повреди. Најверојатно се работи за истегнати мускулни влакна на десната нога. Денеска се ќе биде дефинитивно, но мали се шансите, во бројки 20 насто тој да патува за Адана.

Алтернатива за него на списокот на резерви нема, во игра Филип Лазаров ќе биде прекомандуван на левокрилната позиција. Помладиот Лазаров по доаѓањето на Червар на кормилото на Металург неретко се наоѓа на позиција лево крило, но како сето тоа ќе функционира, останува да се види. Стевче Алушевски е единственото класично лево крило во тимот.

"Лазаров ќе ја има улогата која беше наменета за Ангеловски. Тој во Металург веќе има слична улога, сега ќе треба тоа да го прави и во репрезентацијата. За Ангеловски денеска ќе се знае дали ќе патува, иако прогнозите не се премногу оптимистички", вели Савевски.

Доколку генералниот секретар успее да ги замени авионските билети, тогаш место Ангеловски, во Адана ќе патува Милан Левов, ракометар кој комбинирано може да игра на позиција десно крило и десен бек.

Проблемите за Савевски не завршуваат со Ангеловски. Влатко Митков ќе пропушта тренинзи откако на два тренинга доби удар на истото место и сега ќе мора да биде поштеден.

"Па тоа е тоа, работиме на два гола, работиме сериозно и нема штедење, тоа е. Сега веќе почнуваме полека да се олабавуваме, да фатиме и малку свежина и би требало во Адана да сме на врв на формата", вели селекторот.

Македонскиот тим утре заминува за Адана, каде на 15 ќе игра со Литванија, а ден подоцна со Турција. Победникот на групата ќе игра во бараж квалификациите за пласман на СП 2011.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...