Македонија ја победи Грција

Прва победа за ватерполо репрезентацијата на Македонија во Светската лига остварена против репрезентацијата на Грција, големиот ривал и тоа не само на спортски план.

Пред преполни трибини на „Олимпискиот базен“ во Скопје вечерва сосема заслужено избраниците на селекторот Стеван Нонковиќ победија со резултат 7:6. По четвртини беше 2:2, 2:1, 2:0 и 1:3.

Головите за Македонија ги постигнаа Небојша Милиќ 2, Даниел Бениќ, Ненад Босанчиќ, Горан Крстоношиќ, Ненад Петровиќ и Еди Бркиќ по еден. Освен стрелците на головите и останатите играчи кои настапија имаа голем придонес во победата, а тука пред сите треба да се истакне голманот Далибор Перчиниќ кој со своите 14 одбрани го одржа ветувањето дека ватерполистите ќе и донесат радост на две илјадната публика присутна во базенот и на цела македонска нација.

Македонија и покрај вечерашнава победа остана на последното место во третата група од Светската лига со три освоени бодови.

Во вториот натпревар од оваа група Хрватска со 12:7 ја победи на гости Русија.

Табела по пет одиграни кола: Хрватска 13 бодови, Грција 8, Русија 6 и    Македонија 3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...