Бостон изедначи на 1:1 во НБА финалето

Кошаркарите на Бостон рано утрово стигнаа до првата победа во годинашново НБА финале против Лос Анџелес Лејкерс. Во неизвесен натпревар во „Стејлпс центарот“ Бостон славеше со 103:94 за 1:1 во победи во финалната серија која сега се сели на Исток.

Дека се подготвени за триумф гостите покажаа во првата четвртина која им припадна со 29:22, но шампионот ЛА Лејкерес сепак успеа да стигне до израмнување и на стартот на последниот период ниту една екипа немаше предност – 72:72. Предводени од извонредните Раџон Рондо, кој имаше „трипл дабл“ ефект 19 поени, 12 скокови и 10 асистенции и Реј Ален со извонредни 32 поена (8 тројки од 11 обиди - рекорд на финален натпревар) Бостон успеа да ја добие и последната четвртина со 31:22. Доминацијата Бостон ја покажа во последните две минути кога имаше скор од 10:4. Во редовите на шампионот Пау Гасол имаше 25 поени и 8 скокови, додека Коби Брајант остана на за него скромни 21 поен.

Натпреварот број 3 од финалната серија се игра во вторник навечер во Бостон. „Селтикси“ ќе бидат домаќини на следните три натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...