Победа на машката и пораз на женската репрезентација

Максимална победа од 4:0 оствари македонската машка шаховска репрезентација денеска против Макао во премиерното коло од Олимпијадата во Русија.

Владимир Георгиев против Дела Круз на првата табла и Никола Митков во дуелот со Роландо Фисалбон на третата табла победија со бели фигури, а Трајко Недев против Соломон Селис на втората и Филип Панчевски против Кенг Мак Кеи на четвртата табла победија играјќи со црни фигури.

За разлика од мажите, дамите стартуваа со убедлив пораз од 4:0 против селекцијата на Грузија која е актуелен Олимписки шампион.

Првата табла кај Грузијките, Нана Џагнидзе со бели фигури беше подобра од Габриела Коскоска, Саломе Мелиа со црни фигури ја победи Моника Стојковска на втората табла, Сопико Чучашвили играше со белите фигури и беше подобра од Бојана Бејатовиќ на третата табла, додека Бела Чотенашвили со бели фигури беше поуспешна од Драгана Николовска на четвртата табла.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...