Нема веќе Вардар Осигурување!

Мирослав Котевски, актуелен претседател на КК "Вардар Осигурување", сега веќе и официјално испрати и писмен документ во кој ја информира јавноста дека овој клуб нема да се натпреварува во Првата лига.

Првиот човек на македонскиот вицепрвак го информира комесарот за натпреварување, Горан Трпушевски, во кое го известил за новонастанатата ситуација, во која е констатирано дека поради објективни, пред се финансиски проблеми, КК " Вардар Осигурување" не е во можност да настапува во натпреварувањето во сезоната 2010/2011.

Со тоа и официјално тргнува "потерата" по наоѓање ново решение, односно дополнување на нова екипа со која би се нашла евентуална замена за сега веќе поранешниот клуб, кој во само две сезони од постоење стигна и до "мајсторката" во финалето од плеј-офот.

Претседателот на КК "Вардар Осигурување", Мирослав Котевски, најави дека многу скоро ќе ја информираше и многу поопширно за случувањето во овој клуб, кој за жал, престанува со активности.

Согласно со пропозициите, сите играчи кои се под договорните обврски, а досега не го сториле тоа, стекнуваат статус на слободни играчи и можат да ја променат средината без никаква отштета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Спортски пилот на аеро митинг прави лупинзи, и одеднаш забележува дека му се запалил десниот мотор.Веднаш се јавува во контролната кула:
- Десниот мотор се запали,што да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1584.- Вo Санкт Петербург умре Иван Четврти...
1745.- Умре англискиот државник Роберт Волпол,...
1837.- Роден е американскиот државник Стивен...
1842.- Роден е францускиот писател Стефан...