Хаос во машкиот државен тим

Шест играчи на Металург не присуствуваа на првиот тренинг на репрезентацијата поради конфликт со актуелниот селектор Љубомир Савевски.

Кога за време на летниот преоден рок констатиравме дека ќе биде "интересно" да се види како ќе изгледа првиот собир на репрезентацијата која ја води селектор Љубомир Савевски тренер на Вардар, а главнината на репрезентацијата, се играчи на Металург, ова што сега се случува не беше ни во најцрното сценарио. Сега се остваруваат црните прогнози, односите на релација Савевски- дел на репрезентативци од Металург се до толку нарушени и се во конфликт што веќе нема назад и шестмина играчи на Металург вчера не беа на тренинг.

Во интерес на дресот со националните бои би требало клупските интереси да се тргнат на страна затоа што ракометната јавност го заслужува тоа, а РФМ, Вардар, Металург, Савевски и играчите се должни да го спроведат тоа во дело. Тешко дека такво нешто ќе се случи.

И пред дербито не беше пријателска атмосферата, но по дербито на кое имаше многу тензии и навредување беше јасно дека не останало ни грам пријателство и дека клуспката војна се сели под репрезентативното знаме. И тоа е површината, а таа не е ни "гребната". Под неа има многу.

Вчера беше одржан првиот состанок и тренинг:

"На состанокот дојдоа играчи, дел од нив немаа опрема. По што, по состанокот неколку репрезентативци, го напуштија состанокот и ова е тоа што остана", изјави Савевски, покажувајќи на 15-те играчи кои вчера тренираа, притоа најавувајќи за денеска прес конференција или соопштение во кое ќе даде повеќе детали за своите следни потези.

Од состанокот заминаа шест репрезентативци, играчи на Металург останаа Ѓоргоноски, Лазаров и Митревски. Левов и Миркуловски се повредени. Шесттемина кои биле и на состанокот велат Савевски ги избркал, детали ќе кажат откако ќе чујат што ќе каже денеска по најавеното соопштение. Савевски, демантираше дека ги избркал, а најави и дека ќе бара казна.

"Јас поднесов до УО дека секој играч кој нема да донесе лекарско уверение треба да биде суспендиран од 3 до 6 месеци. Ќе поднесам извештај до УО, по тоа се е во рацете на луѓето кои го водат ракометот", вели Савевски.

Ова отвора една нова димензија која мора да се спомене. Имено, се реализира ли ова, треба да биде суспендиран речиси половина тим на Металург. Репрезентацијата нема да добие ништо, но затоа би профитирал Вардар, а таму тренер е Савевски.

Но, приоритет, иако очигледно не е така треба да е репрезентацијата. Јасно беше дека неприродна коалиција како оваа тешко ќе функционира, но смена иако најавена, немаше. Од друга страна, пак, не мора да значи дека работите требаше да останат вакви какви што се, но останаа и конфликтот беше неизбежен.

И за жал тука ништо не завршува, туку почнува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...