Савевски поднесе неотповиклива оставка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Љубомир Савевски на денешната прес-конференција соопшти дека поднесува неотповиклива оставка.

- Клупски и лични интереси инволвираа една група репрезентативци и дел од медиумите на чело со една телевизиска куќа во непринципиелна и бескрупулозна кампања за дискретитација на мојата личност со цел да се изврши моја смена на селекторската позиција. Не сакам да учествувам во една таква валкана игра која ќе и штети на репрезентацијата пред почетокот на новите квалификации и затоа одлучив да поднесам неотповиклива оставка, рече Савевски.

Тој ги отфрли, како што истакна, сите лаги и невистини насочени против него од играчите кои биле извршители на сценариото за негова смена, а биле поттикнати директно од нивните претпоставени во клубот за кој настапуваат.

За сите негативни последици од настаната состојба и евентуалните неуспеси на натпреварите кои и престојат на репрезентацијата, Савевски ги обвини играчите кои одбија да тренираат под негово водство и како што рече луѓето од спротивниот табор.

За својата оставка Савевски вели дека е во интерес на македонскиот ракомет.

- Разговарав со претседателот на федерацијата Михајло Михајловски и моравме да најдеме решение, бидејќи квалификациите се ближат. Во овој момент најдоброто решение  е оставката со цел репрезентацијата да се комплетира навреме и да се доработат подготовките за квалификациските средби со Естонија и Босна и Херцеговина. Сепак не е добро за иднината на ракометот неколку играчи да бидат над селекторот и од нив да зависи тренерското место, потенцираше Савевски.

Тој се заблагодари за поддршката која ја имаше од претседателот на ракометната федерација додека ја вршеше селекторската функција. За него најдобро е негов наследник да биде тренерот на Металург, екипа која дава 13 репрезентативци.

Савевски демантираше дека упатил пцости кон некои од репрезентативците кои вчера одбија да тренираат и дека тие сами одлучиле да ја напуштат репрезентацијата, а не биле избркани од него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...