Гергл со второ злато

Австријката Елизабет Гергл стана вистинска брзинска кралица на Светското првенство во Гармиш-Партенкирхен, откако ги совлада болните фаворитки Линдзи Вон и Марија Риш за второ злато, овојпат во спустот. 29-годишнат Гергл победи на супер-џи трката во вторникот и е само четврта скијачка со двоен триумф на СП по Марија Валисер во 1987, Ања Персон во 2007 и Вон во 2009. Со оваа титула продолжи совршениот настап на Австријките, откако Ана Фенингер победи во супер-комбинацијата во петокот.

"Првиот медал беше неверојатен, а вториот е уште поневеројатен. Ми се допаѓаат условите тука, падината, фановите. Се дојде на своето место и можев да одам до максимум", вели Гергл.

Австријката е прва победничка во спустот покрај Вон и Риш по 15 трки, по триумфот на Андреа Фишбахер во Банско, Бугарија на 28 февруари 2009. Победата е уште поневеројатна бидејќи Гергл нема победа во спуст до сега, и најдобар успех и беше бронза на Олимпијадата во 2010.

Гергл сега има шанси да направи хет-трик во Гармиш, бидејќи велеслаломот е нејзината најсилна дисциплина и во неа има две победи од Светскиот Куп и уште 10 други подиуми.

Вон го спаси настапот на СП со сребрен медал со 1:47.68, додека Риш доби бронза исто како во супер-џи трката со 1:47.84 во својот роден град. Швајцарката Лара Гут заврши на четвртото место исто како и во супер-џи трката, и Швајцарците сега има 4 пласман и на 4. место во пет трки во Гармиш.

Риш имаше треска по супер-џи трката, и во петокот беше само 11. во комбинација, но сега сепак има медали во 4 од петте алпски дисциплини: олимписко и светско злато во слалом, злато во комбинација и бронза на СП, и бронзи од СП во спустот и супер-џи трките. Единствено и недостасува велеслаломски медал.

"Среќна сум исто како да беше злато. За мене ова беше голем предизвик и горда сум на мојот успех. Ќе продолжам да се борам", вели Риш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...