Свиндал најдобар ол-раундер

Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал заздрави од опасниот пад во текот на викендот за да ја одбрани својата светска титула во супер-комбинација во понеделникот, додека Италијанецот Криштоф Инерхофер продолжи со својата неверојатна форма освојувајќи го третиот медал во Гармиш-Партенкирхен со второто место.

Свиндал, кој се повреди откако излета во бариерите во текот на спустот, водеше убедливо по утринскиот спуст, пред да издржи на многу стрмната Гудиберг патека за да го освои златото. Свиндал сега има 9 медали од СП и од Олимпијадите, од кои пет се златни.

Свиндал користеше нови чизми и скии во спустот, а во саботата удри во заштитната ограда по завршувањето на спустот повредувајќи ја главата и коленото.

"Бев на скенирање, и мојата глава е ОК. И моето колено е ОК", вели Свиндал.

Големиот Норвежанец сега има 5 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали на СП и Олимпијадите. Неговите претходни три светски титули дојдоа во спустот и велеслаломот во 2007 и комбинацијата од 2009. Тој исто така има и злато во супер-џи од Олимпијадата во Ванкувер во 2010.

Инерхофер, кој имаше само една победа во Светскиот куп пред стартот на првенството, сега има целосна колекција на медали. Тој освои злато во супер-џи и бронза во спустот.

"Навистина не ми се верува! Се обидов да ризикувам и да одам до крај. Сега се оди во моја корист. Ова е мое првенство", вели Инерхофер.

Тој стана првиот Италијанец со три медали на СП по Зено Цоло во 1950 година во Аспен, САД, а италијанското славење го продолжи и Петер Фил, специјалистот за спуст, кој го освои бронзениот медал.

Главниот фаворит за титулата, Хрватот Ивица Костелиќ, кој имаше три победи во исто толку ткри оваа сезона и е олимписки вице-шампион, реши да не се појави на трката и е на одмор на Јадранот. Костелиќ ќе се врати за велеслаломот и слаломот, но самиот призна дека сака да се фокусира на освојувањето на својата прва титула од Светскиот куп, каде што има огромна предност токму пред Свиндал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...