По еднонеделна пауза вечерва продолжуваат натпреварите во кошаркарската Евролига. На програмата се две средби од 4.коло во ТОП 16 фазата.
Во рамките на „Х“ групата од 18 часот и 45 минути играат Жалгирис и Фенербахче Улкер, додека два часа подоцна почнуваа дуелот од „Г“ групата меѓу Монтепаски и Партизан.
Преостанатите натпревари се играат утре, а двојките се: Панатинаикос - Каха Лаборал и Литвос Ритас - Уникаха (група „Е“), Олимпија - Макаби и Лотоматика - Барселона (група „Ф“), Ефес Пилсен - Реал Мадрид (група „Г“) и Валенсија - Олимпијакос (група „Х“).
Преглед на табелите во четирите групи:
Група „Е“: Панатинаикос 2-1 (победи – порази), Каха Лаборал 2-1, Уникаха 1-2, Литвос Ритас 1-2.
Група „Ф“: Барселона 3-0, Макаби 2-1, Олимпија 1-2, Лотоматика 0-3.
Група „Г“: Реал Мадрид 3-0, Ефес Пилсен 2-1, Монтепаски 1-2, Партизан 0-3.
Група „Х“: Фенербахче Улкер 3-0, Олимпијакос 2-1, Валенсија 1-2 и Жалгирис 0-3.