Вардар Про подготвен го очекува ФИФ Копенхаген

Со доза на внимателност ракометарите на Вардар Про ќе влезат во дуелот од 1/8 финалето на Купот на куповите што в сабота го играат со данскиот тим Копенхаген. Иако противникот во моментов е на последната позиција во Данската прва лига сепак секоја екипа која доаѓа од оваа земја е сериозен ривал.

- Целиот период од подготовките акцентот беше ставен на дуелите со Копенхаген кои не очекуваат. Оваа екипа негува типичен дански ракомет кога станува збор за нападот, додека во одбраната имаат отстапување и повеќе играат во зона 3-2-1 или 3-3. Ќе треба да се спречи нивната контра и полуконтра за да постигнеме посакуван резултат, а тоа е што е можно повисока победа. За разлика од есенскиот дел екипата е засилена со доаѓањето на Марко Чурувија од Металург, истакна тренерот на Вардар Про Перо Милошевиќ на денешната прес конференција.

Противникот на Вардар Про е екипа која во 2008 година беше финалист во купот на ЕХФ, а во сезоната 2002 под името Фридрихсберг беше елиминирана во полуфиналето на Челнџ купот од битолски Пелистер.

- Без разлика како ќе заврши првиот натпревар во Скопје, мора да одиграме добро и во реваншот ако сакаме да се пласираме во следното коло. Иако противниците се последни на табелата во Данската лига, сепак тие не се слаба екипа, рече капитенот на „црвено-црните“ Борко Ристовски.

Во досегашната своја историја ракометарите на Вардар двапати играле во полуфиналето на ова натпреварување (1999 година против Адемар Леон и 2005 година против Загреб.

Натпреварот Вардар Про - ФИФ Копенхаген се игра в сабота од 18 часот во „СРЦ Кале“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...