Познати првите три четвртфиналисти во Евролига

По одигрувањето на синоќешните натпревари од 4.коло од ТОП 16 фазата познати се првите три екипи кои изборија пласман во четвртфиналето на кошаркарската Евролига. Тоа се екипите на европскиот првак Барселона и Макаби од групата „Ф“, како и Реал Мадрид од групата „Г“.

Барселона до четвртата победа во оваа фаза стигна откако триумфираше на гостувањето кај Лотоматика со 74:65. Во вториот натпревар од групата „Ф“ Макаби со одлична игра во второто полувреме ја победи Олимпија во Љубљана со 83:65 и со двете победи против директниот ривал обезбеди влез меѓу осумте најдобри екипи. Македонскиот кошаркар Владо Илиевски настапи за поразената екипа и натпреварот го заврши со 10 поени.

На натпреварите во групата „Е“ победи на домашните екипи: Панатинаикос – Каха Лаборал 76:74 и Лиетвос Ритас – Уникаха 70:65.

Реал Мадрид четвртата победа ја постигна на гостувањето кај Ефес Пилсен со 77:60 (група Г), додека Олимпијакос истотака славеше на гостувањето кај Валенсија 85:79 (група Х).

Во средата беа одиграни натпреварите: Монтепаски – Партизан 77:74 и Жалгирис – Фенербахче Улкер 85:84.

Табела група „Е“: Панатинаикос 3-1 (победи-порази), Каха Лаборал 2-2, Лиетвос Ритас 2-2, Уникаха 1-3.

Табела група „Ф“: Барселона 4-0, Макаби 3-1, Олимпија 1-3, Лотоматика 0-4.

Табела група „Г“: Реал Мадрид 4-0, Монтепаски 2-2, Ефес Пилсен 2-2, Партизан 0-4.

Табела група „Х“: Фенербахче Улкер 3-1, Олимпијакос 3-1, Валенсија 1-3, Жалгирис 1-3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...