Металург и Вардар во нова европска авантура

Времето на одмор и подготовки за двата најдобри македонски тима е завршено. Металург денеска ќе тренира во Гепинген, во "Кале" ќе се спрема ФИФ Копенхаген.

Тоа се новите предизвици пред кои стојат Металург и Вардар Про. Сабота е денот кога одново под светлото на рефлекторите ќе излезат играчите кои го носат епитетот на најдобри кога е во прашање македонскиот клупски ракомет.

Прв на теренот и тоа пред свои навивачи ќе излезе екипата на Вардар Про. Утре во 18:00 часот во "Кале", "црвено-црните" ќе го пречекаат стариот познаник ФИФ Копенхаген. Минатиот пат кога овие две екипи се сретнаа, победник на двата дуели беше Вардар, кој подоцна стигна и до полуфиналето на КПК. Желбата на "црвено-црните" е историјата да се повтори и оваа година.

"КПК годинава не е силен како што беше претходните кога екипите од Лигата на шампионите се приклучуваа во ова натпреварување. Го минеме ли Копенхаген, со малку среќа во ждрепката, односно да ги избегнеме Гумерзбах и Сан Антонио и би можеле да се пласираме во ново полуфинале. Тоа е моја лична желба", изјави претседателот на Вардар, Михајло Михајловски.

Копенхаген е екипа која кратко по елиминацијата од Вардар во 2005 година го достигна својот зенит. Во 2007 стигна до финалето на Купот на ЕХФ каде загуби од Нордхорн, а по тоа две години беше првак на Данска и играше во Лигата на шампионите. Лани приматот го загубија од АаБ, годинава се на прагот комплетно да се распаднат.

Во една ваква ситуација Вардар е фаворит, но мора да се води сметка за моментот дека ФИФ како и сите екипите од западниот "свет" има предност пред Вардар затоа што игра во силна лига. Тие добро си ги знаат своите добри и лоши страни, додека Вардар треба да чека меч со Металург или некој ваков како ФИФ за да види што "штима", а што не во тимот. Затоа евентуално потценување или влегување во "филм" на улога на фаворит никако не може да му биде од корист на "црвено-црниот" тим.

ФИФ, локалните медиуми како и впрочем сите кои доаѓаат во Македонија, првенствено внимание обрнуваат на публиката, а по тоа и на противникот. "Комитите" ќе имаат шанса да им приредат амбиент на Данците во кои нема да се чувствуваат пријатно, но од друга страна и обврска да покажат дека времињата на дивјаштво на или од трибините во Македонија, барем во ракометот се минато.

Металург денеска ќе е во Гепинген и ќе има можност да одработи еден тренинг на теренот кој во Германија е познат како еден од "најжешките" и од каде без скалп на главата сезонава се враќаа и екипи од типот на Рајн Некар, Хамбург итн. Ако за ФИФ важи дека игра во посилно првенство, тогаш што да се каже за Гепинген и Бундес-лигата. Згора на се, овој тим е познат по својата добра игра во одбрана, што е уште еден проблем плус за Металург.

Но, Лино Червар на располагање ја има практично целата репрезентација на Македонија, без Кире Лазаров, па Гепинген иако фаворит, не би требало да биде премногу доминантен на оваа средба. Ова условено со играта на Металург. Го покажат ли најдоброто од себе ракометарите од "Автокоманда", Гепинген ќе мора да се испоти добро за да ја оправда улогата на фаворит.

Германскиот тим е составен од репрезентативци, играчи по вкус на Хајнер Бранд (Кауфман, Тиеде, Хас, Шене...) и интернационалци како голманот на Босна, Тахировиќ, по тоа бекот на Целје, Младин Козлина, кој можеби ќе дебитира со Металург, Мрваљевиќ од Ц. Гора итн.

Средбата ќе се игра в сабота, со почеток во 19:30 часот, реваншот е следната недела во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...