На "се или ништо" во Естонија

Влогот на овој натпревар е голем, веројатно најголемиот досега кога е во прашање македонскиот машки ракомет.

Сениорскиот тим утре во Естонија ќе го игра по многу параметри најважниот натпревар кој досега е одигран во машкиот ракомет во Македонија.

Играме меч на "се или ништо" со екипа која е аутсајдер, но која е на прагот на својот најголем репрезентативен успех во историјата.

Влогот е голем, многу поголем отколку што е настапот на ЕП во Србија. Ова е веројатно последната шанса на оваа генерација, играчи кои со години наназад се дел од овој тим да се појават на ЕП. Не дека нема да има и други шанси, туку ако се пропушти оваа, ако ЕП во Србија мораме да го гледаме на ТВ, тогаш другите не се ни важни. Се е на маса, и рејтингот и реномето на играчите, но и на комплетниот РФМ.

"Кикс" не е дозволен, поправен нема да има. Ова е тоа - годините на играње, тренирање, вложување, се ќе биде вметнато во период од 1 час по кој Македонија мора да излезе со кренати раце.

Веќе познато одиме против непријатната традиција која вели дека играме лошо во Естонија. И клупски и репрезентативно, од вкупно 4 меча ниту еден не завршил со победа на македонска селекција или тим.

Естонија има просечен тим. Тоа е репрезентација во која главниот играч, Маит Патраил, со само 23 години успеа да се промовира во лидер и да го доведе тимот на Естонија, држава која нема клупски рејтинг доволен ни за да прати тим во квалификации за ЛШ, да се надева на пласман на ЕП. Голем дел од вината лежи во БиХ. Босанската репрезентација требаше да биде нашиот лут ривал, но тие боледуваат од болести кои ги имавме и ние во минатото и кои се типични за балканските федерации. Репрезентацијата да биде место каде што ќе се прават сите пресметки, уцени каде ќе се наплаќа за се. Веруваме дека се издигнавме над тоа уште одамна. БиХ - не е. Тие по поразот од Унгарија и ремито дома со Македонија, комплетно се распаднаа и ги загубија и двете средби со Естонија. Тоа, пак, го одведе нашиот утрешен ривал во ситуација да има бод повеќе од нас, а Унгарија која двапати не совлада ја доврши работата, па сега Естонија со евентуална победа ќе биде недостижна, односно вториот патник од нашата група на континенталниот шампионат.

За нас во игра е и нерешен резултат, што значи дека утре не мора ни да победиме, доволно е да не загубиме.

Кирил Лазаров, Наум Мојсоски, Филип Миркуловски, тоа е триото бекови кое треба да биде над естонската одбрана. Естонците немаат такво бековско трио, ни од далеку. Го имаат Патраил, кој е одличен, но бавен. Имаат добар десен бек во Денер Јаанима, кој е и голем потрошувач и често шутира нерезонски. Добар голман во Мариуш Алексејев и отприлика тоа е тоа. Нормално, ако се пружи шанса, ќе одиграат добро и другите, Пинонен, Леп и Јарве се играчи кои ги имаме видено на дело против нашиот тим. Наше е да не дозволиме да се случи тоа. Мите Стоилов и Велко Маркоски ќе имаат утре задача да ја држат нашата зона во строј. Имаме и други добро дефанзивци, пред се Миркуловски, два одлични голмани, веројатно и двајцата подобри од нивниот Алексејев, но ќе треба и да го покажат тоа.

Македонија е подобар тим од Естонија, каква и да се прави споредба. Технички, тактички, индивидуално, физички, поголемо искуство имаат нашите играчи. Поголем мотив, без оглед на тоа што Естонија за првпат е пред врата на ЕП. Споменавме зошто.

Предност пред Естонија мора да биде искуството. Естонците немаат искуство со мали исклучоци на играње важни натпревари. Натпревари каде што не смее да затрепери раката и каде едно исклучување, една голманска одбрана може да значи пресврт.

Да се надеваме дека нема да има неизвесност, затоа што тоа нам не ни одговара. Естонската публика не е агресивна, но песната од трибините може да им даде крилја на домашните играчи.

За Македонија идеално би било уште на почетокот на натпреварот да притисне, да одигра внимателно и фокусирано и да не им даде на домашните ракометари во ниту еден момент да се понадеваат дека можат на ЕП.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...