Македонските ракометари гостуваат во Естонија

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва од 19 часот во Полва, Естонија го игра можеби клучниот натпревар за пласман на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Србија.

Македонските ракометари во дуелот од 5.коло и гостуваат на Естонија, селекција која има еден бод повеќе на табелата во групата „1“. На досегашните две гостувања кај Естонците, Македонија двапати одигра нерешено. Еден таков исход само ќе ја продолжи неизвесноста околу конечниот исход во оваа група.

Познато е дека Унгарија веќе избори пласман на ЕП и во последното коло в недела Унгарија е домаќин на Естонија, а Македонија ја пречекува Босна и Херцеговина. Покрај овој натпревар од групата „1“ играат и Босна и Херцеговина - Унгарија.

Табела: Унгарија 8 бодови, Естонија 4, Македонија 3, Босна и Херцеговина 1.

Натпревари се играат и во другите шест групи.

Група „2“: Романија - Хрватска (вечерва) и Литванија - Шпанија (утре).
Табела: Хрватска 8 бодови, Шпанија 4, Литванија 4, Романија 0.

Група „3“: Украина - Полска и Португалија - Словенија.
Табела: Словенија 6 бодови, Полска 5, Португалија 3, Украина 2.

Група „4“: Црна Гора - Шведска и Израел - Словачка (утре).
Табела: Словачка 6 бодови, Шведска 6, Црна Гора 2, Израел 2.

Група „5“: Грција - Чешка и Холандија - Норвешка.
Табела: Чешка 6, Норвешка 6, Грција 3, Холандија 1.

Група „7“: Швајцарија - Русија и Белорусија - Данска.
Табела: Данска 6, Русија 6, Белорусија 4, Швајцарија 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...