Македонија пред пласман на ЕП во ракомет

Македонската машка ракометна репрезентација се наоѓа пред пласман на Европското првенство во Србија идната година, откако во Полва ја совлада домашната селекција на Естонија со 31:25.

Ова беше клучниот натпревар за македонските ракометари во овие квалификации, бидејќи со пораз ги губеа сите шанси за настап на ЕП.

Во последното 6.коло на Македонија и одговара и нерешен резултат во дуелот со Босна и Херцеговина на свој терен за да го завери своето второ учество на еврошампионатите. За Естонците кои пропуштија историска шанса за пласман на едно големо натпреварување остануваат само теоретските шанси, а тоа се Македонија дома да загуби од Босна и Херцеговина, а тие да слават победа на гостувањето во Унгарија.

Победникот на вчерашниот дуел беше решен во првото полувреме кое заврши со предност за „црвено-жолтите“ од 14:8. Разликата од шест голови рутински беше сочувана во вториот дел, во кој Естонија успеа да се доближи највеќе на минус четири голови.

Во вториот натпревар од 5.коло во групата „1“ вечерва Босна и Херцеговина ја пречекува Унгарија.

Унгарците уште од претходното коло си го обезбедија учеството на ЕП.

Табела: Унгарија 8 бодови (4 натпревари), Македонија 5 (5 натпревари), Естонија 4 (5 натпревари), Босна и Херцеговина 1 (4 натпревари).

Двете првопласирани репрезентации ќе патуваат на ЕП во Србија 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...