ПОБЕДА НА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК НА СТАРТОТ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Металург пред портите на убава евро сезона

Во Металург, конечно, за момент можат да здивнат. ЛШ тргна како што треба, Металург извојува победа над Цимос Копер во првото коло (28:23), на меч кој беше исклучително важен. Важен за цела сезона, за сите во и околу клубот.

Ова се должи на тоа дека следните два меча на Металург се на гостински терен. Затоа беше целиот притисок да се стартува со победа. Во обратен случај, целата сезона можеше да отиде во аут, уште непочната.

Но, сега е се во ред. Со два бода на контото, Металург во петок ќе замине во Русија, каде ќе се бори за втората победа, растоварен од притисок.

Копер во Скопје допатува со амбиција да ги освои бодовите. Двата тренери беа согласни во едно пред мечот. Ќе победи екипата која ќе наметне свој стил на игра. Копер е побрз, Металург порационален, затоа отворањето на средбата беше исклучително важен период.

Гостите не почнаа лошо, доаѓаа до момент да упатат шут, неретко и од чиста позиција, но Дарко Станиќ, нивниот бивши соиграч, веќе во својот прв настап во Борис Трајковски стана миленик и нов јунак на македонската публика.

Голманот на Металург ги исфрустрира словенечките играчи, посебно крилните уште во раната фаза на мечот. На спротивната страна одличен беше и Горазд Шкоф, но Металург беше првиот кој најде начин како да погодува.

Наум Мојсоски беше одличен во напад, а одбраната на Металург стануваше се посигурна и мечот се отвори како што сакаше скопскиот тим. Поведе со 3:0, 5:2 македонскиот тим во 11 минута. Следеше еден краток период, на добра игра на Копер кој стигна до 5:4, но тоа беше вовед во најдобриот период на игра на Металург, веројатно во целиот овој дел од сезоната. Се профункционира беспрекорно, тимот влезе во серија од 7:0 и во 24 минута на семафорот стоеше 12:4!

Копер е одличен состав, не играа толку лошо колку што беше добар Металург во тој период. Само 4 примени гола за 24 минути игра, кажува како функционирала одбрана на чело со Станиќ кој во првиот дел запре 12 од 19 удари.

На одмор се замина со резултат 15:7, иако Металург можеше лесно и двоцифрено да го заврши првото полувреме.

Цимос Копер влезе "ол ин" во второто полувреме. И им тргна. Со серија од 5:1 стигнаа до 16:12 во 37 минута од мечот.

На Металург, веќе трет натпревар во серија му се случува истото. Одлично прво полуврме, но во вториот дел како сосема друг тим да излегува на теренот. Мојсоски и Станиќ почнаа да ја губат концентрацијата, а противникот полека почна да се крева од пепелот. Среќа, овој пат разликата беше преголема, Словенците не успеаја да во моментите кога мечот можеше да се прекрши и на друг начин да врзат нова серија. Филип Миркуловски ја презеде одговорноста во тој период и го одржа тимот со главата над вода. Одново се врати разлика од 4-6 гола разлика и мечот продолжи во игра гол за гол. Металург имаше 21:14 во 50 минута од натпреварот, Копер се уште го немаше кажано последниот збор. Следеше нов, последен обид, со серија од 4:0 стигнаа до 21:18, мошне брзо, за само 3 минути и одново дојде до момент да може мечот да се прекрши поинаку.

Тогаш Младен Ракчевиќ го одработи својот дел. Постигна 3 гола, меѓу кои Гоце Георгиевски погоди пенал и во 58 минута Металург имаше 25:22. Овде веќе беше решен победникот, а загубената топка во напад на противникот и контра-нападот на Велко Маркоски со кој Металург поведе со 26:22 беа точка. До крајот на мечот двата тима постигнаа уште по еден гол и на задоволство на македонските навивачи бодовите останаа во Скопје.

Металург има причини плус оваа победа да ја гледа како почеток на одлична сезона. Копер беше совладан без Козлина, со неспремен Батиновиќ и индиспониран Марковиќ. Кога таа бековска линија ќе профункционира како што треба ќе има повеќе одмор за Мојсоски, ќе има повеќе опции за Червар и ќе треба да паднат и посилни тимови од Копер, барем во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...