Металург продолжува со настапите во ракометната ЛШ

Македонскиот ракометен првак Металург денеска замина за Санкт Петерсбург, каде в недела (13 часот) го игра натпреварот од 2.коло од „Ц“ групата од Лигата на шампионите во ракомет. По стартната победа над Цимос Копер во таборот на Металург атмосферата е на високо ниво и очекуваат повторување на добрата игра.

- Санкт Петерсбург е типична руска екипа, со високи играчи кои играат цврста одбрана, но сметам дека се поспори во однос на играчите Цимос Копер. Сепак ние треба да одиграме одбрана како во првиот дел со екипата од Словенија, така ќе имаме шанса за „лесни голови“ од контра и полуконтра, изјави Гоце Георгиевски десното крило на Металург.

Во последните неколку денови поради повреда не тренираше Наумче Мојсоски но сепак отпатува за Русија, додека Миладин Козлина иако се очекуваше да биде во составот остана во Скопје и најверојатно ќе се појави на следниот натпревар.

Синоќа се одигра и првиот натпревар од „Ц“ групата. Во Констанца против истоимената романска екипа фаворитот во оваа група Хамбург постигна победа 34:26. Македонскиот репрезентативец Бранислав Ангеловски во дресот на Констанца постигна два гола.

Утре играат Цимос Копер и Висла.

Хамбург е прв со 4 бодови, по два имаат Висла, Металург, а без бод се Санкт Петерсбург, Констанца и Цимос Копер.

Вчера се одигра и натпреварот од „А“ групата каде европскиот првак Барселона го совлада Кадетен Шафхаузен на гости со 30:26.

Во второто коло утре и задутре се играат другите натпревари: Загреб – Босна, Шамбери – Савехоф („А“ група), Веспрем – Силкеборг, Берлин – Киелце, Атлетико Мадрид – Чеховски Медведи („Б“ група), Адемар Леон – Партизан, Копенхаген – ПИК Сегед и Кил – Монпеље („Д“ група).

Од денеска до недела се играат и натпреварите од 2.коло во женската ракометна Лига на шампионите, а двојките се: Митјиланд – Турингер, Будуќност – Бјасен („А“ група), Крим – Виборг, Ларвик – Подравка („Б“ група), Хипо – Рандерс, Ѓер – Мец („Ц“ група), Итчако – Букстехудер и В‘лчеа – Динамо Волгоград („Д“ група).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...