Црвена Звезда и Загреб добри тест натпревари за Металург

Ракометарите на македонскиот шампион Металург, утре и в недела ќе одиграат два дуела од регионалната СЕХА лига, противници им се Црвена Звезда и Загреб. И двата натпревара се играат во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Овие натпревари ќе бидат вистински тест за подготвеноста на Металург пред еден од клучните натпревари од Лигата на шампионите, кој македонскиот првак го игра следната сабота со Констанца во Скопје. По тој повод во пресрет на двата дуела од СЕХА лигата беше одржана и прес конференција во клупските простории на Металург.

- Црвена Звезда е клуб со богата историја и во овој состав има повеќе играчи кои играле во екипите на Металург и на Вардар Про. Во овој момент немаат добри резултати (10-то пласирани на табелата со една победа од 5 натпревари) во ова натпреварување. Но, мораме да бидеме внимателни бидејќи ние како Металург веќе сме мотив за секој тим против нас да игра добро и квалитетно и затоа ќе мора да се бориме како на сите натпревари до сега. Од причина што репрезентативците се приклучија деновиве, на натпреварот со Црвена Звезда ќе комбинираме со сите играчи и рационално ќе ги искористиме сите сили, истакна тренерот на Металург, Лино Червар.

За вториот ривал, тимот на Загреб со кого ќе играат в недела, Червар рече дека Хрватите се фаворит број 1 за првото место во оваа лига, најсилен противник, но нагласи дека и покрај силината на Загреб, Металург ќе оди на победа.

Во составот на македонскиот шампион на утрешниот натпревар со Црвена Звезда нема да биде голманот Дарко Станиќ, додека состојбата со повредата на Филип Миркуловски е во ред и тренерот Червар најави дека тој ќе настапи.

Почетокот на двата натпревара и утре и в недела е во 18 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...