Металург домаќин на Црвена Звезда во Сеха лигата

Ракометарите на македонскиот првак Металург вечерва од 18 часот имаат нов ривал во регионалната Сеха лига. Во Скопје, во салата „Автокоманда“, каде Металург ги игра натпреварите од оваа лига, гостува Црвена Звезда. 

Македонскиот шампион во досегашните шест натпревари имаат пет победи и еден нерешен резултат со Нексе во Скопје.

- Мора во секој натпревар да влеземе без потценување бидејќи нема слаби ривали во оваа лига. Ако ја одиграме нашата игра мислам дека ќе немаме проблеми да постигнеме победа. Така ќе имаме и контрола над играта и резултатот. За нас е важно да ја победиме Црвена Звезда бидејќи веќе в недела играме со многу поквалитетен ривал екипата на Загреб, истакна крилниот играч Гоце Георгиевски пред денешниот дуел.

На чело на табелата во Сеха лигата е Загреб со 19 бодови (седум натпревари), пред Металург со 16 (од шест натпревари), истотолку има и Вардар Про (од осум натпревари). Денешниот противник на Металург Црвена Звезда е на 10-то место со три бодови (една победа и четири порази).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...