Бердих го сопре Мареј, Ѓоковиќ се повлече

Томаш Бердих ја прекина долгата победничка серија на Енди Мареј откако во интересен дуел со 4:6/7:6/6:4 го сопре Шкотланѓанецот во 1/4 финалето на Мастерсот во Париз. Британскиот втор носител имаше 17 победи во низа (со кои освои три азиски титули), и беше на два поени од победа при 5:5 во тај-брејкот во вториот сет, но Чехот Бердих остана смирен. Мареј вели дека не можел ништо против Бердих, кој е шампион од турнирот во Берси од 2005 година.

"Тој не пропушти на прв сервис и на ниту еден брејк-поен. На оваа подлога неговата игра носи огромна предност. Неколку пати удри форхенд директно на линијата, и тука не можеш да направиш ништо. Затоа е лесно да се каже дека имав шанси, но како игра противникот на тие шанси", вели Мареј.

Мареј се повлече од минатонеделниот Свис Индорс поради повреда, но во Париз изгледаше во најдобра форма. Фрустрацијата на Мареј се покажа во третиот сет по расправијата со судијата откако Бердих доби нови топчиња при двојна брејк-шанса.

"Томаш одлучи дека топчињата се премногу меки, и тоа не беше така. Судијата му даде три нови топчиња за да сервира, а јас не го знаев тоа! Тоа целосно ја смени играта. Добив предупредување од судијата бидејќи му кажав нешто. Гледам многу фудбал и за такво нешто не се добива жолт картон", се правдаше Мареј.

Следен за Бердих е третиот носител, Рожер Федерер, кој останува најголем фаворит за конечно да ја освои својата прва титула од турнирот, по 6:3/7:5 победата над Аргентинецот Хуан Монако.

ЃОКОВИЌ НЕ ИЗДРЖА



Новак Ѓоковиќ пак се повлече од 1/4 финалето против Французинот Жо-Вилфрид Цонга поради повреда на рамото.

"За жал морам да се повлечам од турнирот. Се истуркав до лимитот со самиот настап тука и по натпреварот во четвртокот рамото стана полошо. Жалам за сите кои купија билети и сакаа да ме гледаат мене. Сезоната беше многу долга и заморна, но мислам дека сите мои натпревари ги одиграв на високо ниво, и сега телото ми бара одмор", вели светскиот број 1.

2011 беше неверојатна за Ѓоковиќ со 10 освоени титули, вклучувајќи три гренд слем круни и 5 Мастерс титули за неверојатен 69-4 скор. 24-годишниот Србин доби 1.6 милиони $ бонус со самото појавување во Париз поради правилото на АТП за привлекување на настап на најдобрите тенисери на светот, но сега се наоѓа во трка да биде подготвен за АТП Финалето во Лондон од 20 до 27 ноември.

Ѓоковиќ се повреди при поразот во Дејвис Купот веднаш по триумфот на УС Опен, а откако го прескокна Мастерсот во Шангај, ја врати повредата при поразот во полуфиналето во Базел од Јапонецот Кеи Нишикори минатата недела.

Цонга: "Ѓоковиќ не е како Рожер и Рафа"

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ има да помине долг пат пред да може да се пофали со истата шампионска аура како таа на Рожер Федерер или Рафаел Надал, смета Французинот Жо-Вилфрид Цонга. Французинот е еден од ретките тенисери кои имаат позитивен скор против Ѓоковиќ (5-4) и требаше да игра со Србинот во 1/4 финалето на Мастерсот во Париз пред неговото повлекување.

"Во моментов тој има помала аура на непобедливост од Рожер и Рафа. Тоа е поради помалиот број на гренд слем победи, но и поради тоа што другите двајца имаа фантастични неколку години, додека Новак имаше една добра година. Затоа е далеку од успехот на другите. Неговата кариера уште не е комплетна и позицијата на АТП турнејата не е толку историска", изјави Цонга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...